ПРВ.мк
Свет

Медведев со жестока порака: „Трамп е жив, Русија победува – кошмар за Мерц и Макрон“

Медведев со жестока порака: „Трамп е жив, Русија победува – кошмар за Мерц и Макрон“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, преку социјалната мрежа X испрати порака која предизвика реакции низ Европа. Тој објави дека фактот што Доналд Трамп е жив и дека Русија бележи напредок во Украина е „лоша вест“ за германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон.

Во својата објава, Медведев прикачи снимка од текст во кој Мерц и Макрон се нарекуваат „братски близнаци“ и „ретки изроди“. Во текстот се наведува дека еден од нив „копнее по одмазда“, а другиот – наречен „петел“ – се плаши од „предаторот на портата“ и наводно „го уценува Трамп со рускиот претседател Владимир Путин“.

„На крајот од сè, веста дека Трамп е жив и дека Русија напредува е најлошата можна за овие братски близнаци“, напиша Медведев, додавајќи дека Макрон и Мерц заборавиле на лекциите од Втората светска војна.

Во цитираниот текст од снимката дури се вели и дека „сè може да заврши како во 1945 година, кога по нив ќе се препознаат по забите“.

Медведев со ваквиот настап уште еднаш ја засили реториката на Москва кон западните лидери, прикажувајќи ги како слаби и исплашени во услови на продолжената војна во Украина.

Escape