ПРВ.мк
Свет

Пекол на Крит – евакуација, уништени домови и чад насекаде

Пекол на Крит – евакуација, уништени домови и чад насекаде
Escape

Источниот дел на Крит е зафатен од огромен пожар кој избувна во близина на Јерапетра и брзо се прошири низ Ласити, поттикнат од силни ветрови. Огнената стихија уништи куќи, туристички објекти и делови од критичната инфраструктура.

Пожарот се разви во три насоки, опфаќајќи околу шест километри, што драстично го отежнува неговото гаснење. Над 1.500 луѓе – жители и туристи – се евакуирани, додека чадот ја задушува областа и ја намалува видливоста.

Во населбата Агија Фотија, патиштата се затворени, а неколку објекти веќе се изгорени. Четири лица се хоспитализирани поради вдишување чад. Сите болници на островот се ставени во состојба на готовност.

И додека Крит гори, нов пожар се шири кај Вурвуру на Халкидики, каде пламенот се движи опасно блиску до населени зони.

Mia Home Mavrovo