ПРВ.мк
Свет

ХАКЕРСКИ УДАР ВРЗ BOOKING: Вашиот следен одмор може да биде стапица – еве на што треба да внимавате!

ХАКЕРСКИ УДАР ВРЗ BOOKING: Вашиот следен одмор може да биде стапица – еве на што треба да внимавате!

Една од најпопуларните светски платформи за патувања, Booking.com, официјално потврди дека била цел на голем кибернапад. Хакери успеале да пробијат дел од системите и да украдат лични податоци на корисници, што предизвика паника кај милиони патници ширум светот.

Од компанијата признаваат дека неовластени лица добиле пристап до клучни информации поврзани со резервациите. Ако сте ја користеле платформата, вашите податоци се веројатно во рацете на криминалци, вклучувајќи:

  • Име и презиме
  • Електронска пошта (e-mail)
  • Телефонски броеви
  • Детали за вашите патувања

Иако од Booking тврдат дека финансиските податоци (броеви од картички) засега се безбедни, опасноста е далеку од помината.

Компанијата предупредува дека украдените податоци веќе се користат за софистицирани измами. Хакерите може да ве контактираат преку e-mail или пораки, преправајќи се дека се вработени во Booking или во хотелот каде што сте резервирале.

ЗАПАМТЕТЕ: Booking никогаш нема да побара податоци од вашата картичка преку телефон, мејл или WhatsApp! Секое барање за „дополнително плаќање“ за да не ви биде откажана резервацијата е сигурна стапица.