Неверојатен инцидент се случил во авион на „American Airlines“ за време на летот AA618 во четвртокот вечерта, откако еден патник поради недолично однесување бил врзан со селотејп за своето седиште.
Според полицијата на Транспортната управа на Мериленд, 67-годишниот Артур Лундин од Аризона бил фиксиран за седиштето со селотејп, додека рацете му биле врзани со пластични врски, објави 4news.mk.
Поради неговото однесување, авионот бил принуден да го промени правецот и да се пренасочи кон меѓународниот аеродром Балтимор/Вашингтон, каде што слетал околу 22:15 часот.
По слетувањето, Лундин бил уапсен од надлежните органи.
Засега не се објавени детали за тоа што точно се случувало во авионот, ниту што го предизвикало инцидентот и поради какво однесување екипажот и патниците морале да реагираат на ваков начин.
Случајот го истражува и Федералната управа за воздухопловство на САД, која потврди дека е отворена истрага за инцидентот.
Дополнителни детали за случајот и евентуалните обвиненија против 67-годишниот патник засега не се










