ПРВ.мк
Свет

АЛАРМ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Популарен шампон повлечен поради опасна бактерија

АЛАРМ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Популарен шампон повлечен поради опасна бактерија

Популарен шампон кој се продава во продавниците на Лидл во Германија е итно повлечен од продажба, откако лабораториски тестови откриле присуство на опасна бактерија.

Станува збор за „Cien Shampoo Feuchtigkeit“ во пакување од 400 милилитри, од серија 5231552, произведен од компанијата Persan S.A. Производот бил дистрибуиран во повеќе германски региони, меѓу кои Хамбург, Баварија, Берлин и други покраини.

Според официјалните информации, во шампонот е пронајдена бактеријата Pluralibacter gergoviae, која може да претставува сериозен здравствен ризик, особено за лица со ослабен имунитет, деца, постари лица и бремени жени.

Надлежните предупредуваат дека употребата на овој производ може да предизвика иритации на кожата, очите и дишните патишта, а во некои случаи се споменуваат и можни инфекции на уринарниот тракт.

Лидл веднаш започнал повлекување на спорната серија и ги повикува купувачите да престанат со употреба на производот. Сите кои го купиле шампонот можат да го вратат во која било продавница и да добијат целосен поврат на средствата, дури и без фискална сметка.

Од компанијата е нагласено дека останатите производи од брендот „Cien“ не се засегнати и се безбедни за употреба.

Случајот предизвика вознемиреност кај потрошувачите, а надлежните служби продолжуваат со проверка на целиот ланец на производство и дистрибуција.