ПРВ.мк
Свет

Баба објавила фотографии од раѓањето на внукот на „Фејсбук“ , но сега ја гони законот - еве каква казна ја очекува!

Баба објавила фотографии од раѓањето на внукот на „Фејсбук“ , но сега ја гони законот - еве каква казна ја очекува!
Kristal

Случајот со 50-годишна баба од Данска привлече големо внимание поради нарушување на приватноста на нејзината ќерка. Жената беше осудена на условна казна затвор од 14 дена и казна од околу 1.200 евра, затоа што на „Фејсбук“ објавила фотографии од породувањето на својот внук без согласност на мајката, пишува „Дејли мејл“.

Фотографиите, кои прикажувале и новороденчето и мајката за време на породувањето, биле објавени години по настанот, откако момчето веќе станало ученик. Мајката веднаш побарала нивно отстранување, што бабата првично го направила. Сепак, кога дознала дека против неа ќе биде покрената кривична постапка, таа повторно ги објавила фотографиите во знак на пркос.

Судот во Оденсе оцени дека дејството ја нарушува приватноста и правото на лични податоци на мајката. Условната казна значи дека бабата нема да оди во затвор ако не го повтори делото, но мора да ја надомести материјалната и нематеријалната штета со уплата на 10.000 дански круни.

Овој случај не е уникатен: во 2020 година во Холандија се случи слична пресуда за баба која без дозвола објавувала фотографии од своите внуци на социјалните мрежи. Судовите укажуваат дека иако GDPR во принцип не се применува за „чисто лични“ или „домашни“ цели, тоа ослободување не важи кога фотографиите се објавуваат на интернет. Објавувањето ги прави податоците достапни за пошироката јавност, со што губат карактер на лична употреба и влегуваат во сферaта на законот за заштита на податоците.

Овој инцидент ја истакнува важноста на согласноста и заштитата на приватноста при објавување фотографии на социјалните мрежи, дури и во семејни кругови.

FixCredit
Atensa 300
Escape