ПРВ.мк
Црна Хроника

Обид за кражба завршил со пожар - МВР со детали!

Обид за кражба завршил со пожар - МВР со детали!
Kristal

На 5 декември 2025 година, во 14:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека претходниот ден, во периодот од 13:30 до 19:30 часот, пред фабрика за мебел во село Брвеница, непознато лице влегло во патничко моторно возило „Југо“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на И.С. (58).

Возилото било со незаклучени врати, а сторителот се обидел да го стартува, но не успеал. Потоа, непознатото лице подметнало пожар во возилото, кој бил изгаснат од случајни минувачи.

На лице место е извршен увид од екипа на СВР Тетово, а случајот се расветлува.

FixCredit
Atensa 300
Escape