Следната недела, Индија ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледа податоците поврзани со смртоносната авиононесреќа на авиокомпанијата „Ер Индија“, која се случи во јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB), при што ќе ги анализираат податоците од црната кутија и информации од пилотската кабина. Целта е индиските експерти да ги споделат своите наоди и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.
Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица. Засега нема официјална потврда од САД за посетата на индискиот тим.

















