ПРВ.мк
Култура

14 години од заминувањето на легендата – глас што сè уште ‘стрела’ право во срцата на Македонците!

14 години од заминувањето на легендата – глас што сè уште ‘стрела’ право во срцата на Македонците!
Kristal

На 6 декември, македонската музичка сцена се потсетува на 14 години од заминувањето на легендарниот Гоце Арнаудов, пејачот со препознатлива насмевка, искрена енергија и глас кој допираше директно до срцето на публиката.

Арнаудов беше еден од најтрофејните македонски уметници, појава што не се заборава. Неговите настапи беа експлозивни, полни со движење и харизма, додека надвор од сцената тој беше скромен, повлечен човек со огромно срце, кој секогаш остануваше верен на себе.

Публиката и денес ги памети неговите безвременски хитови како „Дали чекаш стара мајчице“, „Ај да беше стрела песната“ и „Штом ноќта помине“ – рефрени што продолжуваат да се пеат со генерации и кои се вградени во колективната музичка меморија на Македонија.

Во неговата родна Струмица, каде што е подигнат споменик во малиот градски парк, дело на скулпторот Митко Тошев, љубовта и почитта кон него продолжуваат да живеат. Минатата година, во негова чест беше организиран голем комеморативен концерт во Домот на културата „Антон Панов“, на кој настапија бројни македонски музички имиња, меѓу кои Елена Велевска, Александар Тарабунов, Кристина Арнаудова, Александра Јанева, Огнен Здравковски и хорот „Распеани Струмичани“.

Гоце Арнаудов беше повеќе од пејач – пријател за цел живот, татко со голема љубов и професионалец што на секоја неправда реагираше гласно, а на секој човек пристапуваше чесно. Иако поминуваат 14 години од неговото заминување, неговите песни и неговиот дух сè уште живеат меѓу нас.

Македонската сцена не го заборава човекот кој ги полнеше салите, но пред сè, ги полнеше срцата на сите.

FixCredit
Atensa 300
Escape