ПРВ.мк
Свет

ТРАМП НЕНАДЕЈНО ГО ПРЕКИНА ГОВОРОТ: „Слушате ли? Да не фрла Иран нешто?“

ТРАМП НЕНАДЕЈНО ГО ПРЕКИНА ГОВОРОТ: „Слушате ли? Да не фрла Иран нешто?“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста откако среде предизборен говор во Тексас ненадејно застана поради необична бучава во салата, а неговата реакција ги изненади присутните.

Трамп говорел на собир во конгресниот центар во Лабок, организиран во поддршка на републиканскиот кандидат за Сенатот, Кен Пакстон.

Додека зборувал за министерот за трговија Хауард Лутник и терористичките напади од 11 септември, одеднаш го прекинал излагањето.

„Сега слушам нешто. Дали е сè во ред? Можеби Иран фрла нешто? Слушате ли? Прилично е бучно“, рекол Трамп.

Потоа продолжил да погодува од каде доаѓа звукот.

„Дали е тоа некакво копање? Копање, уривање или бомби? Едно од тие три“, додал претседателот, по што го продолжил говорот.

„Војната ќе заврши кога јас ќе посакам“

Трамп повторно зборувал и за конфликтот со Иран, тврдејќи дека Соединетите Американски Држави не се одговорни за неговото започнување.

„Некој ме праша кога ќе заврши војната во Иран. Одговорив – кога јас ќе посакам“, изјавил американскиот претседател.

Венецуела како 51. американска држава?

На друг предизборен собир во Тексас, Трамп зборувал и за Венецуела, нејзините нафтени ресурси и американските воени операции.

Тој изјавил дека Венецуела би можела да стане просперитетна земја, па дури и 51. американска сојузна држава.

Претседателот спомнал и можност за преименување на Ормускиот Теснец во „Трампов Теснец“.

Неговите изјави предизвикале бројни реакции на социјалните мрежи, особено поради честите промени на темите и необичните коментари за време на говорите.

Нема информации дека необичната бучава на митингот била поврзана со каков било напад. Споменувањето на Иран било дел од спонтаната реакција на Трамп.

Најнови вести