Хамас објави дека сите 20 преостанати живи заложници ќе бидат ослободени во првата фаза од договорот, додека посмртните останки на загинатите ќе бидат задржани за втората фаза, пренесува „Џерусалем пост“.
Договорот е дел од разговорите во Египет, каде се дискутирало за списоците на затвореници и гаранции дека нема да има повторно насилство по нивното ослободување. Медијаторите упатиле јасна порака до Хамас: „Ова е последна шанса, искористете ја“.
Катар, Египет, САД и Турција се потпишани како гаранти на договорот. Хамас се согласи да „замрзне“ употребата на оружје, но не и да се разоружа целосно, и не планира да го предаде оружјето на неарапски медијатори.
Разговорите се фокусирани на три главни точки: завршување на војната, повлекување на израелските сили од Појасот Газа и размена на затвореници, без ослободување на терористи од Нухба, според израелските претставници.