Голманот на репрезентацијата на Курасао, Елој Рум, одигра историски натпревар на Светското првенство и со неверојатни 15 одбрани го донесе својот тим до голем бод во дуелот против Еквадор, кој заврши 0:0.
Рум, кој е во фокусот и на регионалната јавност поради тоа што е во брак со српска инфлуенсерка, беше апсолутен херој на натпреварот и по мечот изјави дека ова е еден од најдобрите моменти во неговата кариера.
„Носам го ова како луда спомена. Во моментот не размислуваш за бројките, но секако дека ова е нешто што ќе го паметам засекогаш. За мене како голман, ова беше речиси совршен натпревар“, изјави Рум по натпреварот.
Интересно е што во првиот натпревар од групата против Германија, Курасао прими дури седум голови, но овојпат Рум целосно блесна и постави нов рекорд за најмногу одбрани во натпревар од 90 минути на Светско првенство.
Апсолутниот рекорд на Светските првенства сè уште го држи американскиот голман Тим Хауард, кој во 2014 година имаше 16 одбрани против Белгија, но тој натпревар траеше 120 минути.
По натпреварот, Рум во шега изјави: „Мислам дека сега ми треба статуа на Курасао“, што дополнително го зголеми вниманието околу неговиот настап.
Натпреварот привлече и големо внимание од јавноста, а на трибините присуствуваа и холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максимa, кои го следеа историскиот резултат на репрезентацијата на Курасао.
Со овој бод, Курасао останува во игра за пласман во следната фаза, а последниот натпревар од групата ќе го игра против Обала на Слоновата Коска.







