ПРВ.мк
Свет

СЗО СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: До 2030 година светот ќе се соочи со огромен недостиг на доктори и медицински сестри

СЗО СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: До 2030 година светот ќе се соочи со огромен недостиг на доктори и медицински сестри

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека глобалниот здравствен систем се соочува со сериозен недостиг на медицински кадар, кој до 2030 година би можел дополнително да се продлабочи.

Според анализата на податоци од повеќе од 100 земји, една од главните причини е истовременото стареење на населението и на здравствените работници. Се очекува околу една четвртина од лекарите да се пензионираат во текот на следната деценија.

СЗО проценува дека до 2030 година глобалниот недостиг би можел да достигне 11,1 милиони здравствени работници.

Особено загрижувачка е состојбата во 67 земји, каде што според проценките нема да има доволно медицински кадар за да се одржат сегашните стандарди на здравствена заштита.

За само да се задржи актуелниот сооднос меѓу бројот на здравствени работници и населението, ќе бидат потребни дополнителни 832.000 работници во здравствениот сектор.

Проблемот е изразен и во земјите со високи приходи, вклучително и голем број европски држави. Таму медицинскиот кадар е во просек повозрасен, а СЗО проценува дека во следните десет години би можел да се пензионира секој трет лекар.