ПРВ.мк
Свет

НОВ ШОК ПЛАН НА ЕУ: Еве во кои земји ќе се испраќаат одбиените мигранти

НОВ ШОК ПЛАН НА ЕУ: Еве во кои земји ќе се испраќаат одбиените мигранти

Неколку земји од Европската унија разгледуваат нов предлог со кој би се формирале специјални центри надвор од територијата на ЕУ, каде би биле сместувани мигранти кои немаат право на престој и чекаат депортација во своите матични земји.

Според информациите, иницијативата ја предводат Данска, Австрија, Грција, Германија и Холандија, а првите договори би можеле да бидат постигнати во текот на годинава, со цел центрите да почнат со работа околу 2027 година.

Како потенцијални локации се спомнуваат Руанда, Уганда и Узбекистан, додека земји поблиску до Европа, како Египет и Либија, се исклучени поради страв дека би можеле да станат нови рути за шверц на луѓе.

Според новиот модел, центрите би служеле за лица чии барања за азил се веќе одбиени и кои чекаат враќање во своите матични држави. Овој пристап се разликува од претходните предлози на некои европски држави, кои се однесуваа и на новопристигнати мигранти.

Предлогот веќе предизвика поделени реакции меѓу земјите членки и жестоки критики во јавноста, а дебатата околу миграциската политика во ЕУ повторно се засилува.