Светската здравствена организација (СЗО) издаде сериозно предупредување за глобалната епидемија на колера, која веќе одзела 4.738 животи и се проширила во 31 земја. Податоците покажуваат дека бројот на заболени расте со забрзано темпо, а стапката на смртност е сè поголема.
Во извештајот се нагласува дека поради брзото ширење и меѓусебната поврзаност на епидемиите, ризикот за дополнителна експанзија и во рамките на засегнатите држави, но и преку нивните граници, е исклучително висок.
СЗО апелира дека е потребна итна мобилизација на здравствените системи и меѓународна координација за да се спречи понатамошно ширење на болеста и да се спасат човечки животи.