ПРВ.мк
Свет

Нов ужас во Авганистан: Земјотрес ја збрка земјата, над 1.400 загинати и илјадници повредени

Нов ужас во Авганистан: Земјотрес ја збрка земјата, над 1.400 загинати и илјадници повредени

Авганистан повторно беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, само два дена по претходниот катастрофален земјотрес од 6 степени, кој однесе над 1.400 животи и повреди илјадници.

Се работи за еден од најсилните земјотреси во последните години, кој срамни цели села во југоисточниот дел на земјата. Денешниот потрес предизвика дополнителни одрони и прекини на сообраќајот на планинските патишта, отежнувајќи ги напорите на спасувачките екипи да стигнат до изолираните села.

Портпаролот на администрацијата на Талибанците, Забихула Муџахид, соопшти дека досега загинале најмалку 1.411 лица, 3.124 се повредени, а повеќе од 5.400 куќи се уништени. Авганистанската Црвена полумесечина предупредува дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми бидејќи многумина се уште се заробени под урнатините.

Escape