ПРВ.мк
Свет

Огнената стихија се шири – властите алармираат за опасност

Огнената стихија се шири – властите алармираат за опасност

Пожарникарските екипи денеска се борат со неколку големи шумски пожари во јужна Франција, кои дополнително се шират поради силните ветрови и екстремно сувите услови што следуваа по неодамнешниот топлотен бран.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека три активни пожари, од кои два се на западната периферија на Марсеј, досега зафатиле околу 1.210 хектари површина.

Во меѓувреме, францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј пристигна во Марсеј каде што присуствуваше на кризен состанок посветен на состојбата со пожарите и последиците од високите температури.

За време на состанокот, пожарникарите информирале дека избувнал уште еден шумски пожар во близина на градот Рокембур, во департманот Гард, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Надлежните служби продолжуваат со интензивни интервенции за локализирање на пожарите и спречување на нивното понатамошно ширење.