ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) ВИНИСИУС ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ: Фудбалската ѕвезда направи естетска промена, фановите забележаа голема разлика!

(ВИДЕО) ВИНИСИУС ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ: Фудбалската ѕвезда направи естетска промена, фановите забележаа голема разлика!

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако се појавија фотографии на кои неговиот изглед изгледа поинаку. Ѕвездата на Реал Мадрид по завршувањето на Светското првенство одлучил да направи естетска интервенција со која го променил изгледот на лицето.

Според информациите од бразилските медиуми, Винисиус се подложил на процедура за обликување и подобрување на контурата на брадата. Интервенцијата, како што се наведува, била извршена во клиника во Бразил од страна на дерматологот д-р Алесандро Аларкао.

Станува збор за естетска процедура при која се користат филери за дополнително дефинирање на одредени делови од лицето. Во случајот на фудбалерот, целта била брадата да добие поизразена и посиметрична форма.

По појавувањето на новите фотографии, голем број фанови коментираа дека промената е забележлива и дека Винисиус изгледа поинаку во споредба со претходно.

Дополнително внимание привлече фотографијата која на Инстаграм ја сподели неговата поранешна девојка Вирџинија Фонсека. На објавата двајцата позираат заедно во нејзината нова теретана, што повторно ги поттикна шпекулациите дека се повторно блиски по раскинувањето пред Светското првенство.

Иако фудбалерот сè уште нема јавно зборувано за направената промена, неговиот нов изглед веќе стана тема на разговор меѓу спортските фанови и следбениците на социјалните мрежи.

ВИДЕО