Јунајтед и Тотнем поразени на домашен терен, Вест Хем и Палас ги однесоа бодовите
Манчестер Јунајтед продолжува со разочарувачките настапи во Премиерлигата, откако беше совладан од Вест Хем со 0-2 на „Олд Трафорд“. Соучек го отвори резултатот во 26. минута, а и покрај обидите на домаќините да се вратат во игра, вториот гол на Боуен го запечати поразот на „црвените ѓаволи“.
Исто така, неочекуван пораз доживеа и Тотнем на домашен терен, губејќи со ист резултат (0-2) од Кристал Палас во лондонското дерби. Херој на натпреварот беше Еберечи Езе, кој постигна два брзи гола – првиот во 45-та, а вториот во 48-та минута, осигурувајќи значајна победа за Палас.