ПРВ.мк

Осум лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово

Осум лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово
Jumbo Banner

На 11.05.2025 во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат“, З.И.(54) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните сопатници Ф.И.(31), Х.Д.(54) и тројца малолетници, сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран