ВЛЕН е присутен во името на 107 илјади албански гласови, а не во име на некоја партија или поединец. Ние ги претставуваме не само тие 107 илјади гласачи, туку и политичката програма за борба против корупцијата која доби поддршка од тие гласачи. Затоа, ВЛЕН останува посветен на остварувањето на ветувањата и застапувањето на Албанците.
Свесни сме за политичката игра на ДУИ, која – поради жедта за власт и стравот од правдата – цели кон влада од типот на Пржино, но тоа е невозможно и никогаш нема да се случи. За нас е необјасниво само зошто Арбен Таравари станува дел од оваа игра на Али Ахмети за да се спаси себеси и своето семејство.
Како и да е, ВЛЕН сака да ја информира јавноста дека единствените избори што ќе се одржат се локалните, на кои ќе донесеме промена и конечно ќе го победиме криминалот, корупцијата и неспособноста на владеење на ДУИ и нејзините функционери во изминатите 23 години.