ПРВ.мк

Лоши вести за Реал Мадрид по поразот од Барселона

Лоши вести за Реал Мадрид по поразот од Барселона
Jumbo Banner

Реал Мадрид во тешка позиција по Ел Класико – седум бода зад Барселона и голем број повредени играчи

Реал Мадрид не успеа да извојува позитивен резултат во големото дерби со Барселона во рамки на шпанската Ла Лига и сега заостанува седум бода зад својот најголем ривал, само три кола пред крајот на сезоната 2024/2025.

„Кралевите“ сè уште се во игра за титулата од математички аспект, но потребен им е максимален број победи во преостанатите натпревари, како и вистинско чудо – Барселона да ги загуби сите натпревари до крајот на првенството. И покрај тешката ситуација, избраниците на Карло Анчелоти најавуваат борба до последната минута.

Мисијата на Реал, сепак, е дополнително отежната поради големиот број повредени играчи. По натпреварот со Барселона, на листата на отсутни се приклучија и Винисиус Жуниор и Лукас Васкез.

Винисиус има повреда на левиот зглоб и неговата сезона е завршена. Лукас Васкез, пак, има мускулна повреда на левата нога и сигурно ќе ги пропушти дуелите со Мајорка и Севилја. Тој ќе се обиде да биде подготвен за последниот натпревар против Реал Сосиедад, каде што, според најавите, ќе се прости од навивачите и клубот, со оглед на тоа што му истекува договорот.

Покрај нив, веќе подолго време од тимот се отсутни и Антонио Рудигер, Дани Карвахал, Едер Милитао, Давид Алаба, Ферлан Менди и Едуардо Камавинга – што ја прави ситуацијата за Анчелоти уште покомплицирана.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран