ПРВ.мк

Москва појасни: Ова е главниот услов за прекин на војната во Украина

Москва појасни: Ова е главниот услов за прекин на војната во Украина
Jumbo Banner

За постигнување прекин на огнот во воениот конфликт во Украина неопходни се директни преговори меѓу Москва и Киев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за британската телевизија „Скај њуз“.

„Потребни се директни преговори за да се најде патот кон прекин на огнот. Поедноставениот пристап кон ова прашање е неприфатлив“, истакна Песков, додавајќи дека таквиот став се заснова на сериозна анализа на состојбата на терен.

Рускиот претседател Владимир Путин, на 11 мај, се обрати до претставниците на домашните и странски медиуми, предлагајќи продолжување на директните преговори со Украина, без предуслови, на 15 мај во Истанбул.

Истовремено, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина треба веднаш да прифати учество во разговорите во Турција, иако предлогот не предвидува 30-дневен прекин на огнот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најпрвин изјави дека ќе присуствува на преговорите доколку Русија ги прекине нападите, но подоцна порача дека ќе допатува во Турција на 15 мај и дека ќе го чека Путин, дури и ако нападите продолжат.

Според информациите на американскиот медиум „Аксиос“, Зеленски потврдил дека ќе отпатува на разговорите иницирани од Москва.

Сепак, украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изрази сомнеж дека руската страна поседува барем дел од храброста на претседателот Зеленски, кој му понуди лична средба на рускиот претседател во Истанбул.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран