ПРВ.мк
Спорт

ШПАНСКИОТ СУПЕРКУП СЕ СЕЛИ ОД САУДИСКА АРАБИЈА – Избран Истанбул

ШПАНСКИОТ СУПЕРКУП СЕ СЕЛИ ОД САУДИСКА АРАБИЈА – Избран Истанбул

Шпанскиот Суперкуп следната година ќе се одржи во Истанбул, објави Шпанската фудбалска федерација.

Мини-турнирот ќе се игра на легендарниот стадион „Ататурк“, а учество ќе земат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.

Натпреварите се закажани во периодот од 2 до 7 февруари, кога четирите екипи ќе се борат за трофејот.

Во изминатите години шпанскиот Суперкуп традиционално се одржуваше во Саудиска Арабија, но поради одржувањето на Азискиот куп било потребно да се пронајде друга локација.

Според објавените информации, интерес за организација на турнирот покажале осум различни локации, но изборот на крајот паднал на Истанбул.

Стадионот „Ататурк“ веќе има богата историја со големи европски натпревари. Токму таму се одиграа финалињата во Лигата на шампионите во 2005 и 2023 година.

Со доаѓањето на четири од најсилните шпански клубови, Истанбул го очекува уште еден голем фудбалски спектакл.