ПРВ.мк
Спорт

Шок од Бразил: Роберто Карлос итно хоспитализиран поради операција на срцето

Шок од Бразил: Роберто Карлос итно хоспитализиран поради операција на срцето
Kristal

Јавноста во Бразил, но и љубителите на фудбалот ширум светот, се вознемирени по веста дека легендарниот Роберто Карлос итно бил хоспитализиран и подложен на операција на срцето.

Според првичните информации, поранешниот ас на Реал Мадрид и бразилската репрезентација се наоѓал на одмор во родната земја, кога заминал на рутински лекарски преглед поради минимално згрутчување на ногата. Иако на прв поглед станувало збор за незначителен проблем, лекарите забележале одредени здравствени аномалии и препорачале детални испитувања.

По извршена комплетна магнетна резонанца на целото тело, било утврдено неправилно работење на срцето, што барало итна медицинска интервенција. По ваквата дијагноза, Роберто Карлос веднаш бил примен во болница, каде што лекарите одлучиле да извршат операција и да му вградат стент.

Иако првично се очекувало интервенцијата да трае околу 40 минути, поради компликации кои се појавиле за време на зафатот, операцијата била продолжена и траела речиси три часа.

Засега нема официјални информации за неговата моментална здравствена состојба, но извори блиски до семејството наведуваат дека интервенцијата е успешно изведена и дека поранешниот фудбалер се наоѓа под постојан лекарски надзор. Очекувањата се дека во наредните денови ќе следат повеќе детали за неговото закрепнување.

FixCredit
Escape