ПРВ.мк
Спорт

Новак Ѓоковиќ и милионската понуда за документарец – кој стои зад неа?

Новак Ѓоковиќ и милионската понуда за документарец – кој стои зад неа?
Kristal

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, наскоро може да стане ѕвезда на Нетфликс. Според информации што се појавија на социјалните мрежи, стриминг платформата му понудила 13,5 милиони долари за снимање на документарна серија од седум епизоди, посветена на неговата извонредна кариера.

Серијата нема да се фокусира само на резултати и титули, туку ќе ја прикаже и дисциплината, менталната сила и наследството на Ѓоковиќ, како и влијанието што го оставил на светскиот тенис. Целта е да се прикаже целосната слика за него – како шампион, но и како личност чија упорност, работа и принципи го одбележале спортот.

Особено внимание предизвикува хуманитарниот аспект на проектот – дел од хонорарот на Ѓоковиќ би бил наменет за поддршка на хуманитарни организации, што дополнително ја истакнува неговата посветеност на општествено значајни иницијативи преку сопствената фондација и други активности.

Нетфликс веќе има искуство со тенисот, продуцирајќи документарци како „Мојот пат“ за Карлос Алкараз и „Breaking Point“, што ги открива задкулисните моменти на најголемите тениски турнири.

Доколку соработката се оствари, документарната серија за Новак Ѓоковиќ би можела да стане еден од најгледаните спортски проекти на Нетфликс, додека приказната за неговата кариера веќе привлекува глобално внимание.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape