ПРВ.мк
Спорт

Денес КК Борец Баскет го одигрува последниот натпревар за 2025 на домашен терен во Спортската сала "Гемиџии" Велес

Денес КК Борец Баскет го одигрува последниот натпревар за 2025 на домашен терен во Спортската сала "Гемиџии"  Велес
Kristal

Вечерва Велес живее за кошарка! Во рамки на Прва Лига Мажи, Борец Баскет го пречекува Ролинг од Струмица во натпревар кој ветува позитивни вибрации и полна трибина. Почетокот е во 20:00 часот во СЦ „Гемиџии“, а повикот е јасен - да се собереме и заедно да ги бодриме велешките кошаркари.

Борец Баскет го најави вечерашниот натпревар во НБА стил – спектакл за крај на годината во Велес.

Ова е последниот натпревар на Борец во 2025 година и токму затоа заслужува посебно внимание. Тимот влегува мотивиран, со желба да ја затвори годината со победа и да ви подари одлична претстава во важниот дуел од трката за плејоф.

Од клубот ги покануваат сите љубители на спортот и пријателите на клубот да дојдат на уште едно заедничко дружење и да ја заокружиме годината како што доликува – со поддршка од трибините и борба на паркетот.

Токму против Ролинг Струмица започна серија од победи која сега е на 6, целта е јасна: да продолжиме и да стигнеме до седма победа по ред.

📍 СЦ „Гемиџии“

⏰ 20:00 часот

Дојдете навреме, донесете празнично расположение и да ја затвориме годината со победа! 🏀🎄

FixCredit
Escape