ПРВ.мк
Македонија

Следат казани за матичните лекари ако ги надминат квотите со рецепти за ова!

Следат казани за матичните лекари ако ги надминат квотите со рецепти за ова!
Kristal

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека матичните лекари ќе се соочат со казнени мерки доколку ги надминат квотите за препишување антибиотици и анксиолитици. Тој појасни дека ограничувањата се воведуваат за овие две групи лекови, како дел од зголемената одговорност на лекарите по минатогодишното покачување на нивното вреднување.

Клековски истакна дека во 2026 година ќе стартува и системот Е-рецепт, кој ќе овозможи контрола на индикациите, дозирањето и количините на издадени лекови. „Системот ќе ги заштити и лекарите од притисоци од осигурениците, кои понекогаш бараат лекови без оглед на потребата“, рече тој.

Посебно внимание ќе се посвети на употребата на антибиотикот сумамед, кој треба да се користи како последна линија на одбрана. Минатата година неговото издавање се зголемило за 23 проценти, што според Клековски укажува на потребата од контрола.

Тој додаде дека средствата за нови лекови на позитивната листа се зголемени од 3,2 на 3,5 милијарди денари, што не е резултат на зголемен број лекови, туку на повисоката консумација. Е-рецептот ќе помогне да се намали неоправданата употреба на лекови и да се поттикне рационалното користење.

„На позитивната листа се уште има премногу стари, евтини лекови кои се лесно достапни, додека поскапите лекови од новите генерации сè уште недостасуваат“, заклучи Клековски.

FixCredit
Escape