ПРВ.мк
Македонија

ДЗС со строги правила за новогодишните забави – еве што мора да почитуваат сопствениците на локалите!

ДЗС со строги правила за новогодишните забави – еве што мора да почитуваат сопствениците на локалите!
Kristal

Во пресрет на новогодишните и божиќните прослави, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упати јасен и итен апел до сопствениците на угостителски објекти и организаторите на јавни и приватни настани, со цел да се спречат евентуални инциденти и да се обезбеди безбедноста на граѓаните.

Од ДЗС нагласуваат дека безбедносните протоколи мора строго да се почитуваат, особено во период кога се очекува зголемена посетеност во кафулиња, ресторани, дискотеки и други затворени простори.

Клучните обврски за локалите се:

  • строго придржување до дозволениот максимален број на гости,
  • сите евакуациски патишта мора да бидат проодни, јасно означени и без никакви пречки,
  • излезните врати задолжително да бидат отклучени за време на настаните,
  • противпожарните апарати да бидат исправни и лесно достапни,
  • строго е забранета употреба на петарди, огномети и било каков отворен пламен во затворен простор.

Дополнително, од Дирекцијата потенцираат дека персоналот во објектите мора да биде обучен и подготвен за навремена реакција во случај на пожар или друга вонредна состојба.

„Почитувањето на мерките не е само законска, туку и морална обврска, бидејќи станува збор за заштита на човечки животи“, апелираат од ДЗС, најавувајќи и засилени контроли за време на празниците.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape