ПРВ.мк
Македонија

ВЛЕЗЕ ВО КАЗИНО И СЕ ФРЛИ НА ВРАБОТЕНА: Маж изврши тешко разбојништво - СВР со детали!

ВЛЕЗЕ ВО КАЗИНО И СЕ ФРЛИ НА ВРАБОТЕНА: Маж изврши тешко разбојништво - СВР со детали!
Kristal

СВР Охрид поднесе кривична пријава против K.C. (45) од Турција поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, на 24.11.2025 година, осомничениот влегол во казино во Охрид, каде што од благајната одзел пари. При обидот да го напушти објектот, бил забележан од вработена во казиното, по што физички ја нападнал за да го спречи нејзиното реагирање и да си обезбеди бегство.

Инцидентот бил пријавен во полиција, по што биле преземени мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителот. По целосно расчистување на настанот и прибирање на доказниот материјал, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.

Од СВР Охрид информираат дека истрагата е завршена и случајот е процесуиран до надлежното обвинителство.

FixCredit
Escape