ПРВ.мк
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ СЕ ШИРАТ НОВИ ИЗМАМИ: Маж измамен за 2.000 евра преку лажна онлајн апликација - еве како го измамиле!

ВНИМАВАЈТЕ СЕ ШИРАТ НОВИ ИЗМАМИ: Маж измамен за 2.000 евра преку лажна онлајн апликација - еве како го измамиле!
Kristal

На 24 декември 2025 година во 15:30 часот, во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен за сума од 2.000 евра во периодот од 25 до 31 октомври 2025 година.

Според пријавеното, тој на социјална мрежа видел реклама од странска банка и преку приложен линк аплицирал за кредит. Подоцна, започнала комуникација со лице кое се претставило како претставник на банката и побарало документација и трансакциска сметка.

Откако му било кажано дека кредитот ќе биде одобрен, на него биле побарани уплати за разни „провизии“. По извршените плаќања, кредитот не бил исплатен, а измамникот повторно се обидел да го доведе во заблуда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и документирање на целата измама.

FixCredit
Escape