ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Полицијата во голема акција - МВР со детали

(ВИДЕО) Полицијата во голема акција - МВР со детали
Kristal

На 24.12.2025, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, лишија од слобода две лица, меѓу кои и полициски службеник.

При контрола на товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Р. (41) со сопатник И.Р. (41), полициски службеник од Бит Пазар, биле пронајдени пиротехнички средства без документација. Лицата изјавиле дека материјалите припаѓаат на правно лице од Скопје.

Подоцна, пред магацинот на истото правно лице било откриено уште едно оставено товарно возило натоварено со пиротехнички средства.

Со судска наредба извршен е претрес на магацините, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. МВР најави дека ќе се преземат сите мерки за утврдување на сите инволвирани лица, а по комплетирање на документацијата ќе следи соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.

ВИДЕО

FixCredit
Escape