ПРВ.мк
Магазин

Зошто кафето не помага при мамурлак и што навистина треба да пиете по алкохол

Зошто кафето не помага при мамурлак и што навистина треба да пиете по алкохол
Kristal

По новогодишните прослави, за многумина следи непријатното чувство на мамурлак – главоболка, мачнина, вртоглавица и општа исцрпеност. Иако првата помисла често е „кафе ќе ме крене“, лекарите предупредуваат дека тоа е една од најчестите грешки.

Алкохолот предизвикува дехидрација и губење на електролити, а кафето, поради кофеинот, дополнително го поттикнува губењето на течности. Наместо да помогне, може уште повеќе да ја влоши главоболката и чувството на слабост.

Експертите советуваат најпрво да се надомести изгубената течност. Водата е основа, а уште подобар избор се напитоци со електролити – било во течна форма или како таблети растворени во вода. Најдобро е тие да се внесат уште пред спиење, но корисни се и наутро по будењето, особено ако има мачнина или вртоглавица.

Електролитите можат да се надополнат и преку исхраната. Храна богата со калиум, како банани, цитрусно овошје, компири и зелен лиснат зеленчук, може значително да помогне во закрепнувањето.

Покрај хидратацијата, одморот е клучен. Алкохолот го нарушува квалитетот на сонот, па лекарите препорачуваат пиењето да заврши порано навечер, за телото да има време да го разгради алкохолот и да се обезбеди подобар и подлабок сон.

Ако сакате побрзо да се почувствувате подобро по бурна ноќ, прескокнете го кафето и посегнете по вода, електролити и малку одмор – телото ќе ви биде благодарно.

FixCredit
Escape