ПРВ.мк

Реал Мадрид го потврди првото засилување за идната сезона

Реал Мадрид го потврди првото засилување за идната сезона
Jumbo Banner

Дин Хујсен е првото летно засилување на Реал Мадрид

Шпанскиот репрезентативец Дин Хујсен официјално стана првото засилување на Реал Мадрид за новата натпреварувачка сезона. Информациите што кружеа во изминатите денови денеска беа потврдени преку соопштение објавено на официјалната интернет-страница на клубот.

Хујсен доаѓа од англискиот премиерлигаш Борнмут, а иако Реал Мадрид не ја објави официјално сумата на трансферот, шпанските медиуми шпекулираат дека „кралскиот клуб“ за неговите услуги платил 59 милиони евра.

Младиот дефанзивец потпиша договор на пет години и се очекува да биде значајно засилување во одбранбената линија на тимот. Во текот на својата кариера настапуваше и за Јувентус и Рома, а иако игра за шпанската репрезентација, роден е во Амстердам и претходно го носеше дресот на холандските младински селекции.

Интересен е фактот што Реал Мадрид не влезе во преговори со Борнмут, туку директно ја активираше откупната клаузула за играчот, која изнесува 59 милиони евра. Од таа сума, 10% ќе припаднат на Јувентус, клубот од кој Борнмут го откупи Хујсен минатата година.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран