Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ѝ упати честитки на Барселона по повод освојувањето на Ла Лига титулата.
Со победата од 2:0 над Еспањол, Барселона го обезбеди првото место во Шпанија, освојувајќи ја титулата во четвртокот, на две кола до крајот на сезоната.
На денешната прес-конференција пред натпреварот со Севилја, Анчелоти се изрази со почит за успесите на каталонскиот клуб: „Барселона играше извонредно и заслужуваат честитки. Тие беа најконзистентниот тим во текот на целото првенство и при тоа прикажаа одличен фудбал. Титулата е потполно заслужена“, изјави Анчелоти.
Тој додаде дека никогаш нема да ги критикува своите играчи, бидејќи, како што истакна, секогаш го дале најдоброто од себе и му пружиле незаборавни моменти во изминатите четири години: „Тие секогаш ќе останат најдобри за мене. За време на мојот мандат, клубот донесе одлични играчи како Камавинга, Чуамени, Ридигер, Белингам и Мбапе. Дали можев да побарам повеќе? Не. Мбапе имаше извонредно првенство и знам дека ќе биде уште подобар – ќе постигне повеќе од 40 гола“, рече тренерот на Реал Мадрид.
Анчелоти, кој ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на Ла Лига на 25 мај, веќе се подготвува за нов предизвик – ќе ја преземе селекторската позиција во бразилската репрезентација.