ПРВ.мк

Центрите за социјална работа добиваат физичко обезбедување

Центрите за социјална работа добиваат физичко обезбедување
Jumbo Banner

Триесет и седумтте Центри за социјална работа во државава, најдоцна за еден месец ќе добијат физичко обезбедување од лиценирана компанија за таа дејност. Постапката за Јавна набавка, која неодамна ја објави ресорното Министерство, истекува неделава и со неа се бараат вкупно 60 обезбедувачи, најави заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

 „Се бараат 60 лиценци, 60 лица да бидат ангажирани постојано од страна на компанијата која што ќе ги обезбедува токму нашите објекти…За пет дена ќе ја имаме компанијата, нели во евалуација, а потоа го очекуваме и договорот, така што за месец дена од денеска, би имале финален договор самата компанија која што ќе биде избрана“, – изјави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Ваквиот забрзан след на одлуките на Министерството, доаѓа откако пред месец и половина во прилепскиот Центар за социјална работа, службеничка беше застрелана со пиштол од страна на извесен корисник од кого и претходно добивала закани. Според директорот на Центарот, кој и самиот беше мета на напаѓачот во немилиот настан, а кој за среќа заврши без жртви, последиците кај сите вработени се’ уште силно се чувстуваат, па физичкото обезбедување на овие установи, за жал, се наметнува како нужност, вели тој.

 „Јас сум убеден дека колку-толку ќе се чувствуваме побезбедно кога ќе знаеме дека на Приемно ќе имаме некој кој што ќе може да врши селекција на странките и ќе има овластувања кои што ние во моментов ги немаме, по однос на тоа да се види кој што носи, како носи. И претпоставувам дека ќе се допушта качување по канцеларии исклучиво со покани…Дел од колегите користеа и подлоготрајни боледувања, по препорака на психијатар, психолог или матичен лекар. Полека, полека се консолидираме, веќе сме заедно“, – рече Зоран Малковски, директор на МЦСР – Прилеп.

 Инаку, вооружениот напад во прилепскиот Центар се случи на 23 март, пред крајот на работното време, кога во канцеларијата од директорот се одвивала вистинска заложничка драма. Во инцидентот полесно беше повредена 36-годишната социјална работничка М.Ѓ., која со пиштол ја застрела 50-годишниот А.Ј, најверојатно незадоволен од претходно изречените мерки на Центарот при неговата бракоразводна парница, Притоа, тој испукал дури пет куршуми од оружјето за кое немал дозвола, а кај себе имал и нож. На 20-ти март, тој избегал од Психијатриската болница во Демир Хисар, за што Центарот пак, воопшто не бил информиран. Напаѓачот веднаш е лишен од слобода и против него покрената е соодветна Кривична пријава.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран