ПРВ.мк

ВИДЕО: Снег на Попова Шапка – зимата не се откажува!

ВИДЕО: Снег на Попова Шапка – зимата не се откажува!
Jumbo Banner

Иако календарски сме среде мај, Попова Шапка денеска осамна покриена со снежна покривка. Сцените потсетуваат повеќе на јануари отколку на пролет, а локалните жители и посетителите велат дека вакво време не е невообичаено, но сепак изненадува секојпат.

„Изгледа дека зимата и пролетта не се договорени… “, коментираат на социјалните мрежи.

Според метеоролозите, оваа временска нестабилност е резултат на влажен и студен бран кој го зафати регионот, носејќи пониски температури и врнежи од снег на повисоките места. Очекувањата се дека времето ќе се стабилизира во наредните денови.

До тогаш, Попова Шапка уште еднаш нè потсети дека во планина секогаш треба да се очекува неочекуваното.

ВИДЕО

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран