Американскиот претседател Доналд Трамп изразил подготвеност за што поскоро одржување на средба со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Како што истакна Рубио, во моментов се разгледуваат можните датуми и локации за состанокот, а паралелно се работи и на дефинирање на темите кои би се нашле на агендата.
„Претседателот Трамп веќе јавно предложи ваква средба. Сега следниот чекор е организацијата – од избор на место и време, до координација со руската страна“, изјави Рубио. Тој додаде дека и Москва, според првичните сигнали, покажала отвореност за дијалог.
„Сега сме во фаза на договарање. И двете страни имаат интерес средбата да се одржи што е можно поскоро“, заклучи Рубио.