ПРВ.мк

Трагедија во Финска: Судир меѓу два хеликоптери

Трагедија во Финска: Судир меѓу два хеликоптери
Jumbo Banner

Пет лица загинаа откако два цивилни хеликоптери што денеска полетаа од Талин се судрија над југозападна Финска, соопшти Министерството за надворешни работи на Естонија.

Според естонската радиодифузна корпорација, хеликоптерите од типот „Robinson R-44 Raven“ биле регистрирани во Австрија и Естонија.

Меѓу загинатите се и познатите естонски претприемачи Олег Сонајалг и Приит Јагант.

Несреќата се случила околу пладне во близина на аеродромот Еура.

Хеликоптерите заедно ја напуштиле Естонија во 11:17 часот, а финската полиција добила дојава за судирот во 12:35 часот.

Остатоците од хеликоптерите се пронајдени во пошумена област, на околу 100 метри еден од друг.

Местото на несреќата е обезбедено од финските одбранбени сили.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран