Жена од автомобил фрлила 13.000 евра на улица во Темишвар: Реакцијата на случајните минувачи е неверојатна
Во необичен инцидент кој ја изненади јавноста, жена синоќа во студентскиот град Темишвар фрлила 13.000 евра на улица. Жената од белиот автомобил, фрлила 13,000 евра на самата улица, а реакцијата на случајните минувачи е сосем очекувана.
Прво, многу од минувачите помислиле дека жената случајно го испуштила паричниот износ и започнале да го собираат, мислејќи дека ќе ѝ го вратат. Сепак, шокирани биле кога откриле дека тоа не било случајност, туку дека жената намерно ги фрлила парите на улица. После тоа, таа се вратила во автомобилот и заминала, во придружба на една личност.
До овој момент, мотивите за нејзиното однесување остануваат нејасни, а јавноста останува во неизвесност околу причината поради која оваа необична акција се случила.