Винисиус Жуниор повторно е во центарот на вниманието, овојпат поради договорот за продолжување на соработката со Реал Мадрид. Според информации од фудбалски извори, Бразилецот и „кралевите“ постигнале договор за нов договор кој ќе трае до 2030 година, со можност да се продолжи до 2031.
Неговиот сегашен договор истекува следниот јуни, а во меѓувреме Винисиус доби неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија. Според извори, до неодамна не успеал да најде заеднички јазик со Реал Мадрид поради финансиски услови.
Сега, пак, се договорено дека Винисиус ќе добива 22 милиони евра годишна плата, со бонуси кои може да достигнат 27 милиони евра. Инсајдерите велат дека сите детали се усогласени и дека останува само формализирање на новиот договор.
Со продолжувањето на соработката, Винисиус ќе остане еден од клучните играчи на Реал Мадрид во следните години, а договорот му обезбедува финансиска стабилност и јасна перспектива до 2031 година.


















