Денес општинските служби темелно ја исчистија улица 50, отстранувајќи неколку диви депонии долж улицата. Во изминатите денови се расчистија и други помали диви депонии низ општината.

Општинските работници секојдневно се на терен за одржување на чистотата, но апелираме до граѓаните: треба да ја чуваме средината и да не создаваме нови депонии.

Отпадот треба да се фрла исклучиво во канти или контејнери, а не на јавни површини. Заеднички напори и одговорно однесување ќе придонесат Општина Бутел да остане чиста и уредна.




















