ПРВ.мк
Магазин

Институтот за јавно здравје со препораки за лицата кои постат!

Институтот за јавно здравје со препораки за лицата кои постат!
Kristal

Институтот за јавно здравје објави препораки за намалување на ризиците поврзани со исхраната за време на пост. Постот претставува период на доброволно воздржување од одредени намирници или целосен прекин на внес на храна, што менува вообичаени навики во исхраната. За одржување на здравјето и правилната функција на организмот, се препорачува внимателно планирање на оброците и следење на основните нутритивни принципи.

Клучни препораки:

  • Рамнотежа во исхраната: Оброците треба да бидат разновидни и да обезбедат доволен внес на јаглехидрати, растителни протеини, здрави масти, витамини и минерали.
  • Хидратација: Редовен внес на течности е важен за спречување на замор, главоболки и намалена концентрација. По подолги периоди без храна и течности, внесот треба да биде постепен и умерен.
  • Квалитет на храната: Треба да се избегнува пржена, премногу солена или засладена храна.
  • Доволен внес на протеини: Кога се избегнуваат животински производи, треба да се вклучат мешунки, јаткасти плодови, семки и интегрални жита.

Потенцијални ризици:

  • Намалена енергија и концентрација
  • Дехидратација
  • Недостаток на микронутриенти (железо, витамин Б12, калциум, омега 3)
  • Дигестивни проблеми

Препораки за намалување на ризиците:

  • Планирање на оброците неколку дена однапред
  • Постепено воведување на храна по подолг период без внес
  • Вклучување на нутритивно богати растителни извори (леќа, грав, наут, сусам, спанаќ, киноа, тофу)
  • Одржување стабилен внес на течности, со предност на вода, билни чаеви и супи
  • Следење на сигналите на организмот и консултација со лекар при појава на слабост или вртоглавица

Додатоци на исхраната: Можат да се користат кога ограничената исхрана не обезбедува доволен внес на нутриенти, но не се замена за балансирана исхрана. Претпазливост и консултација со лекар се препорачуваат пред нивно користење.

ИЈЗ порачува: лесен пост и внимателно следење на здравјето.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo