ПРВ.мк
Спорт

НОВ СКАНДАЛ ПРЕД „ЕЛ КЛАСИКО“: Перез одби да дојде на „Камп Ноу“- Ова е причината

НОВ СКАНДАЛ ПРЕД „ЕЛ КЛАСИКО“: Перез одби да дојде на „Камп Ноу“- Ова е причината

Вечерашното „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид започна со нова контроверзија уште пред првиот свиреж. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, нема да присуствува на дербито на „Камп Ноу“, а истото важи и за директорот за институционални односи, Емилио Бутрагењо.

Информацијата ја потврди Барселона преку официјалниот список на гости во ВИП ложата. Наместо највисокото раководство, мадридскиот клуб ќе го претставува почесниот претседател Пири.

Од другата страна, Барселона ќе има силно присуство во ложата, предводено од Хоан Лапорта и Рафа Јусте. На натпреварот ќе присуствуваат и првите луѓе на шпанскиот фудбал – претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, како и Рафаел Лузан од Кралската шпанска фудбалска федерација.

Отсуството на Перез и Бутрагењо веднаш предизвика реакции кај навивачите, кои сметаат дека потегот испраќа јасна порака пред најголемото шпанско дерби.