27-годишна девојка заработила висока казна откако пијана се обидела да избега од полицијата во Загреб во текот на ноќните часови.
Според информациите од хрватската полиција, инцидентот се случил околу 2:25 часот кога таа не реагирала на полициски знак за запирање и продолжила да вози низ градот. Потерата завршила во Петрова улица, каде полицајците успеале да ја сопрат.
При извршената контрола било утврдено дека девојката имала 1,61 промили алкохол во крвта. Дополнително, во автомобилот имало повеќе патници од дозволениот број предвиден во сообраќајната дозвола.
По приведувањето, таа била изнесена пред прекршочен суд во Загреб. Полицијата барала построга казна, но судот на крајот ѝ изрекол парична казна од 1.740 евра и деветмесечна забрана за управување моторно возило од Б-категорија.







