ПРВ.мк
Економија

Светот пред нова криза: Еве што ја поскапува храната

Светот пред нова криза: Еве што ја поскапува храната

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупредува дека светот влегува во нова криза – цените на храната растат трети месец по ред, а главен виновник е конфликтот на Блискиот Исток. Енергетските трошоци и блокадите на пазарите создаваат синџир реакција што директно ги погодува потрошувачите ширум планетата.

Според последниот извештај, индексот на цените на храната во април достигнал 130,7 поени – што е зголемување од 1,6% во однос на март и 2% повеќе од истиот месец минатата година. Особено алармантен е растот кај житарките, со пораст од 0,8%, што се поврзува со намалување на површините под пченица. Земјоделците се пренасочуваат кон култури кои бараат помалку ѓубрива, бидејќи цените на истите достигнаа рекордни височини.

Причината? Затворањето на Ормускиот Теснец и ескалацијата на енергетските трошоци. Ова не само што ја зголемува цената на ѓубривата, туку и ја нарушува глобалната трговија. Дополнително, индексот на растителното масло скокнал за 5,9% од март, достигнувајќи највисоко ниво од јули 2022 година.

Светот се соочува со опасна комбинација: геополитички конфликти, енергетска нестабилност и намалено производство. Прашањето што се поставува е – дали ова е само краткорочен шок или почеток на долга ера на поскапувања? Експертите предупредуваат дека ако кризата продолжи, милиони луѓе би можеле да се соочат со недостиг од основни намирници.