Овогодишниот Лондонски маратон донесе сцена што никој нема да ја заборави. Џордан Адамс, 30-годишен учесник, истрча цели 42 километри носејќи на грбот фрижидер тежок 25 килограми – во чест на својата мајка која почина од фронтотемпорална деменција.
Заедно со брат му Кијан, познати како „FTD Brothers“, тие ја носат истата генетска мутација што им дава речиси сигурни шанси да развијат симптоми на болеста. Нивната цел е да ја направат деменцијата „видлива“ и да соберат средства за истражување.

„Сакав да покажам дека луѓето носат тежина кој никој друг не може да ја види,“ објасни Џордан, додавајќи дека секој ден го живеат свесни за ограниченото време.
Браќата досега собрале речиси 500.000 фунти за Alzheimer’s Research UK, а нивната цел е да стигнат до еден милион. Но ова е само почеток – планираат да истрчаат 32 маратони во 32 дена низ Ирска, во чест на своите роднини кои ја изгубиле битката со деменцијата.
„Ние трчаме додека нашите умови сè уште се тука. Го правиме ова за нашата мајка. За нашето семејство. И за секое семејство погодено од деменција,“ вели Џордан.

Оваа емотивна приказна е потсетник дека спортот може да биде повеќе од натпревар – може да биде симбол на љубов, борба и надеж за илјадници луѓе ширум светот.










