ПРВ.мк
Спорт

Никој не го очекуваше ова: Роналдо откри каде ќе го заврши фудбалскиот пат!

Никој не го очекуваше ова: Роналдо откри каде ќе го заврши фудбалскиот пат!
Escape

Кристијано Роналдо конечно ги сруши сите шпекулации околу својата иднина и официјално објави дека останува во Ал Наср до 2027 година. Со оваа одлука, фудбалската легенда потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија – земја што тој ја нарекува „иднината на светскиот фудбал“.

Во интервју за клубската телевизија, Роналдо изјави дека лигата во Саудиска Арабија е веќе меѓу петте најдобри на светот. Уверен во проектот што го гради кралството, најави поддршка до нивната кандидатура за Светското првенство во 2034 година.

И покрај тоа што добил понуди од големи клубови за краткорочни договори, тој одбрал да остане лојален на Ал Наср. Според „The Sun“, неговиот нов договор е вреден над половина милион евра дневно, а Кристијано и неговата сопруга Џорџина ќе уживаат и во посебни услови за живот.

Светот реагираше бурно – за едни ова е нова ера на фудбалот, за други – последниот чин на неговата кариера.

Mia Home Mavrovo