Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, како основа за унапредување на македонскиот спорт и поттикнување на физичката активност кај граѓаните.

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска го пушти во употребамултифункционалниот спортски центар во склоп на СОУ „Јане Сандански“, лоциран во центарот на градот кој е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за спорт.

Во рамки на современоуредениот простор за спорт и рекреацијаизградени се игралиште за фудбал и ракомет, кошаркарски и одбојкарскитерени, како и трибина. Спортските терени се од отворен тип и се наменети првенствено за потребите на учениците од струмичкатагимназија, но и за сите граѓани кои сакаат активно да го користат слободното време.

Министерството за спорт останува целосно посветено на развојот на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел спортот да биде достапен за сите граѓани и да се создадатподобри услови за здрав и активен начин на живот.
Со континуираните инвестиции во спортски објекти, Министерството за спорт ја потврдува определбата дека ветените проекти се реализираат во интерес на граѓаните и на македонскиот спорт.
















