ПРВ.мк
Спорт

Реал на врвот благодарение на Мбапе – тој ја прави магијата на теренот!

Реал на врвот благодарение на Мбапе – тој ја прави магијата на теренот!
Kristal

Во саботата вечер, Реал Мадрид забележа важна победа во 21. коло на шпанската Ла Лига, совладувајќи го Виљареал на гостински терен со 2-0 и обезбедувајќи го лидерското место на табелата.

Реал доминираше од самиот почеток, а резултатот го отвори Килијан Мбапе на стартот од второто полувреме. Виљареал се обиде да се врати во игра, но Жерар Морено ја промаши најдобрата шанса во 63. минута.

Победата на „кралскиот клуб“ беше потврдена во 94. минута, кога Мбапе реализираше пенал за конечни 2-0.

Со ова, Реал Мадрид има 53 бода и ја зазема првата позиција на табелата, два повеќе од второпласираната Барселона, која денеска го пречекува Овиедо.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo